За нас
Членови
Пештери
Проекти
Туризам
Галерија
Линкови 
 

 

 

 

 

 

 

 

НОВОСТИ
 
Јуни 22-24, 2012

Ден на езерото

Истражувачкото друштво Урсус Спелеос (ИДУС) од Скопје, како членка на Туристичкиот кластер ЕДЕН, ќе учествува на презентација на туристички потенцијали на Југо-западниот регион на Р.Македонија, со посебен осврт на алтернативниот спелеолошки туризам...

повеќе...

 
Април 12-15, 2012

Во периодот од 12-15.4.2012 год. ИДУС спроведе истражувачки активности во пештерата Пурало-с. Слатина (Македонски Брод). Се испитуваа хидролошките карактеристики на подземните речни текови (температура на вода, pH, спроводливост, хемиски состав), а во еден од подземните речни текови се применија две трасерски техники (сол и пилевина) ...

повеќе...

 
Април 20, 2012

 

Туристички потенцијали и заштитени подрачја во општина Македонски Брод

 

повеќе...

 
Март 20, 2012

Видео:

Спелеолошко планинарско еколошки табор - Слатина
2005 година

 

повеќе...

 
Август 27-28, 2011

Проект: “Landscape Scale Conservation in the Prespa Lakes Basin - Transboundary Species and Habitat Conservation Action Plans”

Локација:
Преспа - Р.Албанија

повеќе...

 
Јули 20 - Август 7, 2011
Во периодот од 20.07-07.08.2011 во Црна Гора се одржа меѓународна спелеолошка експедиција. Македонскиот тим се приклучи во втората смена односно од 1. август. Базниот камп се наоѓаше во селото Црквице околу 70 км оддалечено од Никшиќ во северозападен правец. Втората група ја сочинуваа околу дваесетина членови од Црна Гора, Македонија и Словенија.

повеќе...

 
Јуни 29 - Јули 3, 2011
Петтиот Балкански Спелеолошки Камп, се одржа во периодот од 29.06 – 03.07.2011 год. во селото Самоков, во и околу Хотелот Поречки Бисер, оддалечен на само 35 километри од Општина Македонски Брод.

повеќе...

 
Февруари 01, 2011
Истражувачкото друштво "Урсус спелеос" од Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање во 2009 година започнаа иницијатива за прогласување на пештерата Слатински извор за Споменик на природа. За таа цел...

повеќе...

 
Јануари 25-26, 2011
Во периодот од 25 до 26 јануари 2011 год. се одржа втората работилница за Студијата за валоризација на природните вредности на повеќенаменското подрачје „Јасен“. Имено, оваа студија за валоризација на природните вредности на повеќенаменското подрачје „Јасен“ , е во рамките на Проектот...

повеќе...

 
Декември 24, 2010
Во просториите на Црвен крст на Македонија, во организација на Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ од Скопје се одржа првата работилница за Студијата за валоризација на природните вредности на повеќенаменското подрачје „Јасен“.  На истата зедоа учество претставници од : УНДП, ЈПУЗПП „Јасен“...

повеќе...

 
Ноември 5, 2010
Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ Скопје и Факултетот за туризам и угостителсво – Охрид, потпишаа меморандум за соработка на ден 05.11.2010, чија цел е  превземање на  заеднички активности за развојот на спелеотуризмот и алтернативниот туризам. Ова е уште еден показател за сериозноста и професионалноста на нашето друштво.

повеќе...

 
Октомври, 2010
ПРОЕКТ "ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ПОВEЌЕНАМЕНСКОТО ПОДРАЧЈЕ ЈАСЕН"
Извештај за теренски активности        Октомври 2010

повеќе...

 
Септември, 2010
ПРОЕКТ "ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ПРИРОДНИТЕ ВРЕДНОСТИ ЗА ПОВEЌЕНАМЕНСКОТО ПОДРАЧЈЕ ЈАСЕН"
Извештај за теренски активности      Септември 2010

повеќе...

 
Август, 2010
Нови откритија во пештерата Пурало
По извршените нови истражувања во почетокот на август 2010 год. Спелеолозите од Истражувачкото Друштво „Урсус Спелеос“ повторно успеаа да пробијат уште еден канал и да го продолжат пештерскиот систем за уште околу 500 метри. Целото истражување траеше околу 12 часа (без излез). Претпоставките се дека Пурало можеби ќе се спои со веќе најдолгата пештера во Македонија, Слатински извор. Повеќе детали и скица од новиот дел ќе бидат изготвени во почетокот на наредната година, за кога е планирана следната експедиција. 
 
 
Април 8-11, 2010
Балкански Спелеолошки Состанок ЈАСЕН 2010
Под покровителство и организација на Јавното Претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје "Јасен" основано од Влада на Република Македонија, Балканската Унија на Спелеолози, Македонската Спелолошка Федерација и ИД Урсус Спелеос од Скопје се организираше Балканскиот Спелеолошки собир во Белица, истиот се одржа во период од 8 – 11 април 2010. 

повеќе...

 
СПЕЛЕО СЛУЧУВАЊА
6-ти Балкански Спелео Камп
27 Јуни - 1 Јули 2012
Логатец, Словенија
 
 

 

 

 

   
 
 
Ursus Speleos 2010 © Сите права задржани